Кога некој странец го слуша премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ како ја фали земјата како најдобра туристичка дестинација и економски “тигар“ во регионот секој би добива желба да ја посети. За жал, како што пишуваат црногорските медиуми, ситуацијата на терен и не е баш таква. Цените се над просекот, а персоналот често нељубезен, како што може да се види на видеото подолу. Келнер во еден хотел во работна униформа и чорапи им се заканува и ги брка туристите од плажата, меѓу кои има и неколкугодишно дете.
“Ало, излегувај од вода, ало излегувај од вода“, им се обраќа некултурниот келнер на туристите и додава: “Тргни ги овие работи, тргни го ова“, растерувајќи ги туристите од плажа. Се слуша дека жената на која келнерот ѝ вели да се тргне е Русинка, која на руски вели: “Не допирајте, тоа не е ваше“.