Анастасија Ражњатовиќ ЗАПРОСЕНА во Париз на нејзиниот настап, фановите останале шокирани

Српската пејачка, Анастасија Ражњатовиќ пред неколку дена го имаше својот прв професионален настап кој ќе остане запаметен уште по една работа.
Анастасија на 12-ти март го имаше својот прв солистички концерт по четири години, онолку колку што е присутна на музичката сцена.

Пејачката блескаше на сцената во еден клуб во Париз и сите беа воодушевени од нејзиниот настап, но едно младо момче се издвојуваше:


– Висок, згоден и млад, убаво облечен, со огромен букет со ружи ја слушаше и гледаше Анастасија како маѓепсан. Кога заврши настапот, Анастасија беше пречекана од фановите кои сакаа да се фотографираат со неа, а таа трпеливо делеше автограми и се фотографираше со сите. Во редот стоеше и момчето со букетот. Се очекуваше дека ќе и го даде букетот и ќе сака да се фотографира со неа, меѓутоа кога стигна на ред, тој и ја бакна раката, се престави и ја запроси. И рече дека е воодушевен од неа, нејзиниот лик и дело, долго ја прател по медиумите и дека сака остатокот од животот сака да го помине со неа, рече извор за српските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.