Арагчи: Иран нема да остане рамнодушен во случај на војна

Арагчи изјавата ја даде за време на состанок на министрите за надворешни работи во Њујорк, соопшти денеска иранското МНР.

Тој, исто така, повика на Израел да му се воведат санкции за оружје и трговија.

Во говорот Арагчи ја обвини меѓународната заедница за неспособност и неуспех во врска со потенцијалниот прекин на огнот.

Иранскиот режим се смета за најважниот поддржувач на шиитската милиција Хезболах во Либан. Набљудувачите сметаат дека е малку веројатно Техеран да им помогне во случај на војна.

Новата иранска Влада, предводена од претседателот Масуд Пезешкијан, се бори со тешка економска криза и се стреми кон зближување со Западот, додава германската агенција.

Пронајдете не на следниве мрежи: