Арсовска е против внесување на Бугари во Устав: Меѓународното право е на наша страна и за Преспанскиот договор, неправдата треба да се исправи!

Претседателката на „Нова Алтернатива“ и градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во ијзава за медиумите истакна дека нејзин личен став е дека во случајот со Преспанскиот договор меѓународното право е на страната на Македонија и дека неправдите треба да се исправат.

– Овој Преспански договор е нешто коешто сериозно ја оштети Македонија. Моите ставови по ова прашање можете да ги видите и на мојот профил, јас она што го мислам јавно и го кажувам. Сметам дека во овој случај меѓународното право е на наша страна и ние имаме нова сила којашто знае, умее и можеме и ќе покажеме дека можеме да влијаеме на овие негативни промени кои настанаа о државата да се вратат назад, истакна Арсовска.

Таа додаде дека е и против уставните измени со цел внесување на Бугарите во Уставот.

– Сметам дека она што се ара од нас е асиметрично и такви договори не поддржувам, истакна Арсовска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.