Американскиот претседател Џо Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска разговараа за можноста за тактички паузи во нападите врз Појасот Газа и евентуално ослободување на заложниците, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.
- (Видео) ГОРИ ХЕМИСКА ФАБРИКА ВО САД: Се евакуира населението, десетина завршиле во болница
- ЕУ: Тирана кон првиот кластер, Скопје во лер
- Oбид за убиство во Голема Речица: Со скалпел пресечено грлото на 17-годишник
- Кејн се повреди, неизвесен е за дуелот со Астон Вила
- Борисов и Петков: Скопје треба да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или затворање на европскиот пат
- (Видео) ХАОС ВО ТЕТОВО: Капитенот на Вардар беше удрен со тврд предмет па тргна да се тепа со домашните навивачи – по крајот на дуелот со специјалци беше изнесен од теренот!
- Писонеро: ЕК очекува старт на преговорите по кластери со Северна Македонија штом таа ги исполни договорените релевантни критериуми
- Израел го нападна и Јемен
- Русите стравуваат од напад на Кримскиот мост
Кирби рече дека се очекува повеќе Американци денеска да ја напуштат Газа.
Бајден и Нетанјаху разговарале и за ситуацијата на Западниот Брег.
„САД сè уште не сметаат дека општо примирје е соодветно во овој момент. Вашингтон ќе продолжи со разговорите со Израел за хуманитарни паузи во Газа“, рече Кирби, прецизирајќи дека Бајден и Нетанјаху се договориле повторно да разговараат во наредните денови.
„Гледаме дека повеќе хуманитарна помош доаѓа во Газа, но тоа е далеку од доволно. Во последните 24 часа таму влегле помалку од 30 камиони со помош“, рече портпаролот.
Кирби, исто така, објави дека Израел го уверил Вашингтон дека бараното автоматско оружје ќе оди само во националните полициски единици.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.