НЕТАНЈАХУ:Армија размислува за нова тактика во борбата за Појасот Газа

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, порача дека Израел ќе размисли за „мали, тактички паузи“ во борбите во Појасот Газа, со цел да се олесни влезот на хуманитарна помош или да се дозволи транспорт на заложниците ослободени од екстремистите на Хамас.

Сепак, премиерот на Израел повтори дека одбива да го прекине огнот без да бидат ослободени сите заложници заробени од членовите на Хамас, пренесува медиумската агенција Reuters.

Во интервју за американската телевизија ABC News, Бенјамин Нетанјаху вели дека по војната, Израел треба да има целосни безбедносни овластувања во Појасот Газа на неодредено време.

„Видовме што се случува кога ја немаме таа безбедносна одговорност“, нагласил Бенјамин Нетанјаху за ABC News.

Израел и Хамас го отфрлаат зголемениот притисок од меѓународната заедница за воспоставување прекин на огнот – Израел бара Хамас прво да ги ослободи сите заложници, додека Хамас возвраќа дека нема да ги ослободи заложниците се додека Појасот Газа е под израелски напад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.