Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел денеска изјави дека безбедноста на Европа ќе биде загрозена доколку рускиот претседател Владимир Путин победи во војната во Украина и оти е погрешно да се разговара со него за примирје.
Борел во авторски текст објавен во францускиот весник „Л’Обс“ и на социјалната мрежа Икс истакнува дека по секоја цена мора да се спречи настанување на свет во кој „моќта е над правото“. Тој, исто така додава дека победата на Путин во Украина ќе ги охрабри другите автократии да ги следат своите империјалистички цели.
- (Видео) КОЈ ВИКНА ТАКСИ НА СТАДИОН? Ова го има само во БугаријаНатпреварот од 10. коло на бугарското првенство меѓу ЦСКА 1948 и Софија, кој… Read more: (Видео) КОЈ ВИКНА ТАКСИ НА СТАДИОН? Ова го има само во Бугарија
- (Видео) СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА Овој Американец си најде занимација откако му се поплави куќатаФлорида се најде на удар на еден од најсилните урагани во овој век… Read more: (Видео) СЕЛО ГОРИ, БАБА СЕ ЧЕШЛА Овој Американец си најде занимација откако му се поплави куќата
- Трагедија ја потресе Македонија: Вработена во училиште пронајдена почината во училницаВчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека во една просторија… Read more: Трагедија ја потресе Македонија: Вработена во училиште пронајдена почината во училница
- Ова се десет најголеми компании по приход во 2023 годинаЏонсон Мети е на првото место на листата на најголемите компании по приход… Read more: Ова се десет најголеми компании по приход во 2023 година
- УХМР со вонредни најави за времетоСончево и топло време ќе преовладува до утре до крајот на денот кога… Read more: УХМР со вонредни најави за времето
– Путин кажува дека сака да стави крај на конфликтот што е можно поскоро, но само под негови услови. Тој веќе во многу наврати покажа дека никогаш не преговара со добра волја и не ги почитува постигнатите договори. А денес, помалку од една година пред американските избори, за кои верува дека би можеле да ги поддржат неговите империјалистички амбиции, кој може сериозно да верува дека Путин бара компромис?, наведува Борел.
Според него Европа била премногу бавна за да одговори на повиците за помош од Украина и дејствувала само кога се појавила заканата Русија да добие предност во војната.
– Ова двоумење чини многу животи. Мораме да ја смениме парадигмата за поддршка на Украина и да направиме сè што е потребно и сè што е потребно за Украина да победи, посочува Борел.
Шефот на европската дипломатија тврди дека помошта мора да вклучува испраќање ракети со долг дострел и други напредни системи за оружје и дека Европа мора да ја зајакне воздушната одбрана на Украина.
– Иако нашите трошоци за одбрана веќе се зголемени за 40 отсто во споредба со историскиот минимум од 2014 година, овој пресврт на трендот сè уште не е доволно брз. Мораме да ги засилиме нашите напори за да победиме во оваа трка со времето со Русија на Путин, напиша Борел.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.