Израелската Армија ги уапси сестрите на убиениот лидер на Хамас

Израелската Армија уапси две сестри на лидерот на Хамас, Салех ал-Арури, кој беше убиен во Бејрут на почетокот на јануари.

„Окупаторската Армија ги уапси Далал и Фатима Ал-Арури, сестрите на Салех Ал-Арури, во саботата вечерта, откако извршија претреси во нивните домови во провинцијата Рамала и градот Ал-Бирех во централниот дел на Западниот Брег“, соопшти Амани Фарајнех, медиумски координатор Здружението на палестински затвореници за Anadolu Agency.

Во нива пронајдена минофрлачка граната од Втората светска војна
На 26.09.2024 во Полициска станица Свети Николе, О.С. од Свети Николе пријавил дека околу 16.30 часот, додека со трактор ја орал нивата …
Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културни врски
Денеска во Охрид остварив билатерална средба со унгарскиот колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација …

„Далал беше уапсена во нејзиниот семеен дом во градот Арура, северозападно од Рамала, додека Фатима беше уапсена во нејзиниот дом во населбата Ал-Шорфа во градот Ал-Бирех“, додаде тој.

Хезболах и палестинските фракции во Либан, од една страна, и израелската Армија, од друга страна, меѓусебно се напаѓаат од 8. октомври минатата година, еден ден откако Хамас го нападна јужниот дел на Израел од Газа.

Судирите ескалираа откако Израел го уби Салех Ал-Арури, заменик-шефот на политичкото биро на Хамас и шестмина негови членови во воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут на 2 јануари. Израел, исто така, го уби воениот командант на Хезболах, Висам Тавил во воздушен напад на 9. јануари, гаѓајќи го неговиот автомобил во јужен Либан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.