Тошковски наместо одговорност и разрешување на директорот на БЈБ и началникот на СВР Скопје, денеска на прес-конференција рече дека полицијата одговорила соодветно и навремено, вели на прес-конференција Мартин Костовски од СДСМ.
– Лесно можеше, не дај Боже, да има жртви, а тоа може да се спречи. Што работеле АНБ и дали имале инормации за настаните што се подготвуваат? – праша Костовски кој додаде дека со МВР под контрола на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се пука по улиците на Скопје, а Тошковски нема никкава контрола на безбедноста во државата.
– СДСМ го осудува секој обид за нарушување на меѓуетничките односи, повикуваме граѓаните да останат смирени, истакна Костовски.