(Видео) ХАОС ВО ТЕТОВО: Капитенот на Вардар беше удрен со тврд предмет па тргна да се тепа со домашните навивачи – по крајот на дуелот со специјалци беше изнесен од теренот!

Teнзично беше денес во натпреварот помеѓу Шкендија и Вардар во Тетово кој домаќините го добија убедливо со 4:0.

Атмосферата започна да се вжештува на десетина минути пред крајот кога голманот Филип Гачевски по неколку турканици со фудбалерите влезе во судир и со навивачите на Шкендија.

Гачевски сакаше да одговори на провокациите од трибините, а во тие моменти беше погоден и со предмет од трибините.

Не се смири голманот на Вардар ниту по завршувањето на натпреварот, па полицијата мораше да го изнесува од теренот.

Пронајдете не на следниве мрежи: