„Виолетов рај“ е смуди што ќе ви помогне да ја намалите киселоста и да го исчистите телото од лошите бактерии.
Ова смуди од сирови состојки се препорачува да се испие навечер за да има телото доволно време да ги свари.
Комбинацијата на состојки му дава прекрасна арома и вкус на овој рајски напиток со кралска виолетова боја.
За подготовка на овој пијалак најважно е овошјето да е зрело. Ако користите органски намирници нема потреба да ги лупите.
Потребни состојки:
¼ мала црвена зелка
1 мал корен од анасон
200 грама боровинки
1 лимон
Подготовка:
Црвената зелка исечете ја на крупни парчиња и ставете ја во блендер. Коренот од анасон исечете го на четвртини и додадете го на сокот од зелка, а потоа додадете ги и боровинките.
Блендирајте додека не добиете изедначена смеса. Додадете лимон по вкус.
Добро промешајте и испијте го свежо.