Во купатило од само неколку квадрати собира баш сè што ви е потребно: 20 генијални решенија за складирање на работите во бањата

За вашиот дом да биде уреден, неопходно е секој предмет да има свое место, а особено тешко за организирање е купатилото. Сите сакаме тоа да изгледа убаво, но и сите неопходни работи за нега и хигиена да нѝ бидат при рака.
Класичните ормани и фиокари се секогаш во мода, а освен тоа постои можност за комбинирање на различни елементи, така што лесно се прилагодуваат на сечии потреби. Ако немате можност да набавите дополнителни ормари, од помош можат да бидат додатоци кои ќе ја зголемат функционалноста на веќе постоечкиот мебел.

Додајте рустичен шарм во своето купатило
Ако го сакате рустичниот декор, можете да искористите дрвени мердевини или неколку дрвени даски во комбинација со метални корпи за да создадете практично место за складирање над тоалетот. Малите купатила особено имаат голема корист од ваквите видови складишни простори.
Ослонете се на вградените полици
Доколку имате можност да направите вградени полици над вашиот тоалет, тие во голема мера ќе придонесат за тоа да имате многу повеќе местo за чување на пешкирите, производите за хигиена и другите важни работи во вашето купатило. Освен тоа, минималистичкиот изглед на овие полици ќе направат оваа просторија да изгледа многу елегантно.
Ако имате мало купатило, во продолжение погледнете 20 идеи за уредување и сигурно ќе пронајдете инспирација во некоја од нив:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.