Германија: Се разгледуваат сценарија за војна со Русија! Москва на нозе, светот ја чека реакцијата на Путин!

Германските вооружени сили се подготвуваат за војна меѓу Русија и НАТО, која, според сценариото на германското Министерство за одбрана, ќе започне летото 2025 година, со нападот на руската армија на коридорот Сувалки, пишува „Билд“, повикувајќи се на таен објавен документ на Бундесверот.

На ова реагираше германскиот министер за одбрана Борис Писториус кој рече дека разгледувањето на различни сценарија е дел од секојдневните активности на армијата.

Во нива пронајдена минофрлачка граната од Втората светска војна
На 26.09.2024 во Полициска станица Свети Николе, О.С. од Свети Николе пријавил дека околу 16.30 часот, додека со трактор ја орал нивата во атар на с.Црнилиште, пронашол корозирана …
Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културни врски
Денеска во Охрид остварив билатерална средба со унгарскиот колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на …

Разгледувањето на различни сценарија, дури и малку веројатни, е дел од секојдневните активности на армијата, особено за време на обуката“, рече министерот во одговорот за „Билд“.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков не ги коментираше наводните планови на Русија за напад на НАТО, наведувајќи дека најверојатно станува збор за уште еден „лажен документ“.

Русија постојано нагласува дека не претставува закана за ниту една од земјите на НАТО, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси. Исто така, треба да се има предвид дека во текот на 2024 година ќе се одржат две големи вежби на НАТО на границата со Русија и Белорусија, што може дополнително да ја разниша безбедносната ситуација во Источна Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.