Германија од април ќе дозволи двојно државјанство, како и побрзо добивање пасоши за странците кои живеат таму.
Овој петок германскиот Бундестаг треба да гласа за законот за полесно стекнување германско државјанство, чии правила ќе стапат на сила во април.
- Сиљановска се сретна со БајденПретседателката Гордана Сиљановска Давкова, за време на официјалниот престој во САД во рамките… Read more: Сиљановска се сретна со Бајден
- Оваа жена е мајка на најубавото момче на светот: Никој не остана рамнодушен на неговите очи, роден е да биде светска ѕвезда, но живее во најголема бедаНа TikTok се појави видео од семејство од Пакистан на кое се гледа… Read more: Оваа жена е мајка на најубавото момче на светот: Никој не остана рамнодушен на неговите очи, роден е да биде светска ѕвезда, но живее во најголема беда
- Вучевиќ за воведувањето на воениот рок: 14 изгубени генерацииПремиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска оцени дека одлуката за враќање на задолжителниот… Read more: Вучевиќ за воведувањето на воениот рок: 14 изгубени генерации
- Поранешниот шеф на БИА откри детали од разговорот со шефот на ЦИАСрпскиот вицепремиер Александар Вулин денеска реагираше на говорот на пратеничката во Народното собрание,… Read more: Поранешниот шеф на БИА откри детали од разговорот со шефот на ЦИА
- Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУВласта ја оствари својата цел, а тоа е Македонија да ја оддалечи од… Read more: Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ
Не само што странците побрзо ќе добијат германски пасош, туку ќе се овозможи и двојно државјанство, што начелно беше забрането до сега.
Вака Владата на Олаф Шолц, во која освен неговите социјалдемократи, се и Зелените и либералите, ќе стави крај на децениската тешка демохристијанска логика, според која лојалноста кон Германија требаше да се докаже со откажување од претходното државјанство.
Опозицијата и натаму бесна вели дека властите сакаат да го дадат германскиот пасош за „безвреден“.
Актуелната влада се води од објаснувањето дека Германија итно треба да привлече способни работници од целиот свет, ако не сака да го прокоцка просперитетот.
– Двојното државјанство не е само економски значаен инструмент за привлекување на квалификувана работна сила, туку и задоцнето признавање на големите заслуги на луѓето со имиграциска историја во Германија – нагласува пратеникот на социјалдемократите Адис Ахметовиќ, чии родители побегнале во Германија од Босна во 1990-тите . .
Се проценува дека околу 12 милиони странци кои живеат во Германија, што е приближно половина, веќе ги исполнуваат новите поедноставени услови за државјанство.
Што се менува во правилата?
Досега, само државјаните на земјите-членки на ЕУ или на Швајцарија можеа да добијат двојно државјанство . Исклучок беа граѓаните на земјите кои не ги ослободуваат граѓаните од државјанство, како што е Мароко.
За неколку месеци и граѓаните на Македонија ќе можат да аплицираат за германско државјанство, без да мора да се откажат од македонското државјанство, што беше услов до сега.
Исто така, од април барањето за германско државјанство ќе може да се поднесува по пет години престој во земјата, наместо досегашните осум.
Во посебни случаи, барањето може да се поднесе веќе по три години. На пример, ако некој покаже исклучителен напредок во јазикот, на работа или на училиште, или се вклучи во волонтирање во некои организации.
Децата на имигрантите родени во Германија автоматски ќе добијат државјанство доколку нивните родители живеат во земјата најмалку пет години. Ова важи и за децата бегалци.
Генерацијата на стари гастарбајтери, кои во педесеттите и шеесетите заминаа во Западна Германија, нема да мора ни да полагаат јазичен тест, доволно е да се комуницира на германски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.