Вајдел најавува излегување на Германија од ЕУ доколку АфД дојде на власт
Претседателката на Алтернатива за Германија ( АфД ), Алиса Вајдел денеска изјави дека, доколку таа партија дојде на власт, ќе се заложи за референдум за членство во Европската унија, по моделот на Брегзит.
- ДАЛИ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ РАЗВОДУВААТ? Сите забележаа по еден детал, еве за што се работиМеган Маркл и принцот Хари се повеќе се појавуваат одвоено на јавни настани, што… Read more: ДАЛИ ПРИНЦОТ ХАРИ И МЕГАН МАРКЛ СЕ РАЗВОДУВААТ? Сите забележаа по еден детал, еве за што се работи
- СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и АлбанијаДенешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските… Read more: СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
- Џастин Бибер повторно шокираше со својот стајлинг! Поради ова сите гледаа во неговите нозеЏастин Бибер се појави во црква со сопругата во преголеми папучи кои ги привлекоа… Read more: Џастин Бибер повторно шокираше со својот стајлинг! Поради ова сите гледаа во неговите нозе
- Орбан од Охрид: Трамп е за мир, на светот му требаат лидери кои не се за војнаАко САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш светот ќе има… Read more: Орбан од Охрид: Трамп е за мир, на светот му требаат лидери кои не се за војна
- СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ„Тешкиот дипломатски пораз не е вина на некој друг туку на Мицкоски, Митева и… Read more: СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
„Тоа е модел за Германија“, изјави Вајдел за „Фајненшл тајмс“.
Таа додаде дека АфД ќе се обиде да ја реформира Европската унија и да го отстрани нејзиниот „демократски дефицит“, вклучително и ограничување на овластувањата на Европската комисија, за која вели дека претставува „неизбрана извршна власт“.
„Меѓутоа, ако реформите не се можни, ако не успееме да го вратиме суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, треба да го оставиме народот да одлучи, исто како што направи Велика Британија. И би можеле да имаме референдум за Дексит – излегување на Германија од ЕУ. – изјави Вајдел.
Германскиот устав поставува строги ограничувања на националните плебисцити, па дури и да се одржат, анкетите покажуваат дека огромното мнозинство Германци би гласале за останување во ЕУ, пишува весникот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.