Германската полиција усмрти маж кој со нож избоде политичар и полицаец на политички настан во Мајнхајм

 Во германскиот град Манхајм, непознат маж ги избодел конзервативниот политичар Михаел Штурценбергер и еден полицаец.На видеа објавени на социјалните мрежи се гледа како сè уште неидентификуваниот сторител напаѓа друг маж.За весникот „Билд“ е потврдено дека станува збор за конзервативниот политичар и антиисламист Михаел Штурценбергер (59).Според полицијата, нападот се случил околу денеска во 11:35 часот. Политичарот учествуваше на митингот на движењето тоа утро како говорник.Непосредно по нападот, минувачи се обиделе да го одземат ножот од напаѓачот, но тој се оттргнал и со оружјето го нападнал полицаецот од грб, додека друг полицаец го убил. 

Пронајдете не на следниве мрежи: