НАТО: Воени бродови, борбени авиони и 20.000 британски војници ќе бидат распределени низ Европа: Дали доаѓаат и во Македонија ?

Министерството за одбрана на Велика Британија денеска соопшти дека 20.000 припадници на британската Армија ширум Европа ќе учествуваат во голема вежба на НАТО во првата половина од оваа година, како и воени бродови и борбени авиони.

Министерството за одбрана на Велика Британија соопшти дека 16.000 британски војници ќе бидат стационирани во источна Европа од февруари до јуни, како и ударна група носачи на авиони, нападни авиони F-35 и авиони за набљудување.

Блинкен се сретна со кинескиот МНР на маргините на Генералното собрание на ОН
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска се сретнаа на маргините на Генералното собрание на ОН …
Холандската полиција жртва на масовен хакерски напад: Украдени се имињата на сите полицајци
Имињата на сите холандски полицајци се украдени во сајбер напад, изјави денеска министерот за правда на земјата. Дејвид ван Вел, министерот за правда …

Вежбата на НАТО – „Steadfast Defender 24“ ќе ја одбележи 75-годишнината од основањето на Алијансата.

НАТО го зголеми бројот на борбено подготвени војници откако Русија ја нападна Украина пред речиси две години.

Министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шапс, по повод вежбата изјави дека таа ќе покаже дека 30. земји членки на НАТО и Шведска обезбедуваат безбедна одбрана од руската закана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.