Осум лица загинаа, а 15 се повредени во пожар на пазар во Жанџијаку, провинцијата Хебеј во северниот дел на Кина, објави CCTV. Властите ги истражуваат причините за пожарот, кој беше изгаснат нешто повеќе од еден час по избувнувањето во саботата наутро.– Повредените се хоспитализирани и нивните животи не се во опасност – додава телевизијата.
🔴CHINA 🇨🇳| #Drama : a fire this Saturday Jan. 4 at 8:40 a.m. in a vegetable market in the city of #Zhangjiakou, #Hebei province (North) left 8 dead and 15 injured according to the local government. The fire was quickly brought under control. Ongoing investigation into the cause. pic.twitter.com/Xp5XhavdCV— Nanana365 (@nanana365media) January 4, 2025
Пламен и темни облаци чад беа забележани над пазарот, покажаа видеата објавени на кинескиот Веибо.Некои медиуми пишуваат дека станува збор за зеленчуковиот пазар Лигуанг, кој е отворен во 2011 година и продава најразлични работи, од овошје и зеленчук до морска храна до електроника.