Антонио Вељановски (23) и Петре Божиќ (35) се можеби едни од ретките готвачи во Македонија кои се вратија од странство и успеаа да направат од струмичкиот ресторан Космоплит препознатливо место за вкусна храна во Македонија. Вештите раце и искуството кое го стекнавме надвор сепак на крај сакаме да го примениме во нашата држава и за нашиот народ. Едноставно, според нас врската помеѓу историјата и сегашноста на еден народ и неговата култура е и храната и тоа е нашиот најголем мотив истакнуваат младите готвачи.
Антонио е од Тетово иако млад е полн со љубов и посветеност кон својата професија, своето искуство најпрво го стекнува во Тетово, Охрид и во интересната Малта, а својата наука за храна денес ја применува во ресторан Космополит во Струмица. Гастроноијата како наука има своја смисла ако изнудиме големо задоволство кај нашите крајни конзументи, затоа и се вратив во Македонија. Ние знаеме да уживаме во храната и да одвоиме време за тој секојдневен и потребен ритуал. Моја специјалност се медитеранска исхрана, паста, рижото, морска храна и комбинирани сендвичи. Среќен сум само ако на крајот видам дека клиентите уживаат, а чиниите остануваат празни.
Петре е препознатлив лик во Струмица во гастрономскиот свет и човек кој долги години во Шведска ја учел својата умешност во правање на скандинавската храна. Страста за гастрономијата и правењето на нови вкусови и комбинирањето на храната е на некој начин уметност. Храната доаѓа од плод, тој плод за мене има душа и енергија. Тој плод расте на некој начин за да ние добро го конзумираме. И, јас во подготовката сакам да ја пресликам таа енергија и во јадењето да има многу љубов и позитивна енергија. Она што го научив во Шведска е еден нов пристап кон исхраната. Храната изобилува со здрави растителни влакна, а нивниот пристап кон конумирањето или почитта кон храната воодушевува. Успеав да победам на натпревар во Копенхаген и го освоив првото место со мој рецепт од сос од фстаци. Мојата специјалност е подготовка на скандинавска храна, сладолед и секако најдобрата храна во светот, а тоа е македонската традиционална храна.
И, Антонио и Петре на крај заклучуваат дека готвачите можат да ја најдат својата среќа и во Македонија и да изградат своја успешна приказна, но тоа зависи и од пристапот на сопствениците и почитта која ја имаат кон оваа се поретка професија. Ние имаме среќа што сопственикот Славчо Васков на струмичкиот ресторан Космополит има формула за ние да бидеме среќни и задоволни, резимираат двајцата млади, но искусни готвачи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.