Грузија ги одложи преговорите со ЕУ до 2028 година

Премиерот на Грузија Иракли Кобахидзе денеска најави дека земјата ќе ги одложи преговорите за влез во Европската унија (ЕУ) до 2028 година.

Кобахидзе од седиштето на партијата Грузиски сон во главниот град Тбилиси истакна дека Грузија е горда земја со богата историја и дека е неприфатливо ЕУ да ја гледа нејзината интеграција како услуга.

Тој нагласи дека Грузија ќе бара членство во ЕУ по свои услови, без да се потпира на добрата волја на ЕУ. Исто така кажа дека целта на земјата е да се приклучи на ЕУ до 2030 година, признавајќи дека процесот ќе биде тежок, но нагласи дека владата останува посветена на исполнувањето на таа цел.

Кобахидзе критикуваше некои европски политичари за мешање во внатрешните работи на Грузија, особено контроверзниот закон за странско влијание што го закочи процесот на пристапување во ЕУ. Тој посочи дека некои европски политичари ги користат разговорите за членство во ЕУ и финансиската помош за да извршат притисок врз Грузија да ги исполни нивните барања.

Пронајдете не на следниве мрежи: