ДАНСКА ДОБИ НОВ КРАЛ – Маргарет II се повлече и му го предаде тронот на својот син 

Фредерик X денес стана новиот крал на Данска, наследувајќи ја својата мајка, кралицата Маргарета Втора, која формално абдицира по 52 години владеење.

Фредерик X стапна на тронот на состанокот на Владата во 14 часот, кога кралицата Маргарета ја потпиша декларацијата за абдикација.

Во нива пронајдена минофрлачка граната од Втората светска војна
На 26.09.2024 во Полициска станица Свети Николе, О.С. од Свети Николе пријавил дека околу 16.30 часот, додека со трактор ја орал нивата во атар …
Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културни врски
Денеска во Охрид остварив билатерална средба со унгарскиот колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена од …

Покрај кралицата, во кабинетот присуствуваа и владините министри и секретарот на кабинетот, кралот Фредерик и неговиот син, престолонаследникот Кристијан.

Телевизијата прикажа снимка од кралицата Маргарета како го напушта замокот Кристијансборг со автомобил низ огромни толпи во Копенхаген.

Наследувањето на тронот во Данска е свечена церемонија која всушност не бара ништо друго освен потпис.

Така, кога кралицата го стави својот потпис на документот, тоа значи дека може да се прогласи новиот регент.

Кралицата Маргарета беше на данскиот трон 52 години, од 14 јануари 1972 година до денеска. Таа ја презеде функцијата од нејзиниот татко, кралот Фредерик IX.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.