Лиснато тесто, тиква, цимет и уште неколку состојки ќе бидат доволни за да направите совршен појадок.
Доколку се прашувате што би можеле да направите за појадок, овие одлични кроасани со тиква ќе бидат одличен избор за вас:
Состојки:
два блока лиснато тесто
две помали тикви
четвртина чаша шеќер во прав
лажичка екстракт од ванила
малку цимет
малку морско оревче
четвртина чаша мелени ореви
Подготовка:
Исечете ги тиквите на половина, извадете ги семките, исечете ги на парчиња и наредете ги на тава обложена со хартија за печење. Печете во рерна на 180 степени околу 50 минути, додека убаво омекне, па извадете и оладете. Отстранете ја кората, а остатокот ставете го во блендер. Додадете ги шеќерот, ванилата, зачините и оревите и сè добро измешајте. Лиснатото тесто развлечете го на тенки кругови и исечете го на триаголници. Наполнете со тиква и свиткајте, па наредете на плех. Печете во рерна на 200 степени додека тестото не порумени.
Пријатно!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.