Димитар Ковачевски ќе поднесе оставка од премиер во четврток

В четврок премиерот Димитар Ковачевски ќе поднесе оставка, во исто време и претседателот на Собрание Талат Џафери.

Следниот ден ќе се избере собраниски спикер, кој според најавите најверојатно ќе биде Јован Митревски од редовите на СДСМ.

Техничката влада ќе се гласа најверојатно во недела.

Сите детали уште ќе биде прецизирани на редовната координација на парламентарните пратенички групи. Нејасни остануваат кадрите кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи за министри и заменици во техничката Влада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.