Филип Андов, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, најави дека ќе поднесе тужба за директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов поради нарушување на неговиот угледд и институцијата со која раководи.
Тој ги негира обвинувањата кои Пандов денес попладнево ги соопшти на прес-конференција, епилогот според него од нестручното работење на директорот на Управата за извршување на санкции резултирал со бегство на четири лица во текот на ноќта.
„По денешната прес-конференција на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, најавувам дека ќе поднесам тужба за нарушување на мојот углед, но и на институцијата со која раководам. Сите обвинувања целосно ги отфрлам како неточни. Ги повикувам институциите да постапат согласно закон, да ги утврдат сите факти и околности, а по извршениот вонреден надзор во петокот, каде што од страна на директорот Пандов се споменува дека не биле присутни 11 лица, а пријавено е само едно, додека другите биле контактирани по телефон да се вратат. Епилогот од таквото нестручно и неправилно однесување на директорот Пандов резултираше со бегство кое се случи во текот на ноќта од страна на четири лица“, вели Андов.