Домашни мини багети

Потребни состојки:
-1/2 кг брашно
-30 г путер
-1 сув квасец
-1 лажичка шеќер
-1,5 лажичка сол
-100 мл млеко
-200 мл вода
-1 лажичка оцет
За премачкување:
-малку млеко
-семиња по желба


Начин на подготовка:
Брашното измешајте го со сувите состојки, додадете млака вода, млеко, путер и оцет, добро замесете.
Оставете на топло да стаса тестото. Подгответе го плехот за печење.
Тестот ставете го на набрашнета површина, малку замесете го и поделете на три еднакви дела. Секој дел обликувајте го како векна и одозгоре со нож засечете на неколку места, па ставете на плехот.
Оставете 20 минути да одмори.
Премачкајте со млеко, посипете семиња по желба и ставете да се пече на загреана рерна, на 200 степени додека багетите не поруменат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.