Минатиот викенд при големо невреме кое зафатило делови од Црна Гора седум лица биле спасени од огромните бранови кај Бар, Сутоморе и Улцињ.
На Фејсбук страницата “Подгорички времеплов“ се појавиле нови снимки од драматичното спасување на давеник од морето кај Улцињ.
-Гледам народот што прави овие два дена, па се прашувам дали се луди? Не обрнуваш внимание на невремето, не обрнуваш внимание на црвените знаменца, туку влегуваш во море. Па добро, ако веќе твојот живот не ти е мил, зошто другите ги изложуваш на опасност? Ги гледам спасувачите, не знаат каде попрво – напишал еден корисник на Фејсбук.