Извори од Демократската Унија за Интеграција за телевизијата Клан Македонија потврдија дека ниту пратениците на партијата на Али Ахмети нема да ги поддржат предлозите за министри во Техничката влада кои доаѓаат од ВМРО ДПМНЕ по предупредувањата на Христијан Мицковски дека неговата партија нема да гласа првиот албански премиер Талат Џафери и целиот состав на техничката влада, на крајот на јануари.
- Партијата на Шолц СПД уверува: Неговата кандидатура за нов мандат не е под знак прашањеРаководството на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), партијата на канцеларот Олаф Шолц, денеска- прочитај повеќе
- Само вчера два напади во Градски паркНови случаи на нападнати лица во Градскиот парк во Скопје. Ноќва во 02.00- прочитај повеќе
- Володимир: Никој не знае што му е на ум на ПутинУкраинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не е прв пат рускиот лидер- прочитај повеќе
- (Видео) ГОРИ ХЕМИСКА ФАБРИКА ВО САД: Се евакуира населението, десетина завршиле во болницаОгромен пожар избувна во складиште за хемикалии, предизвикувајќи повеќе експлозии и евакуација на- прочитај повеќе
- ЕУ: Тирана кон првиот кластер, Скопје во лерОтворен патот на Тирана за Втора меѓувладина конференција. Собраниска комисија во Софија ќе- прочитај повеќе
Инаку, синоќа извори од СДСМ потврдија дека има политички договор, за составот на техничката Влада да биде доставен без имињата на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите предлози за состав на техничката Влада ќе бидат доставени до Собранието, додека позициите што ВМРО-ДПМНЕ мора да ги предложи согласно законот ќе бидат празни, без имиња и презимиња. Не гледаме потреба да предлагаме, дури ни пратениците на СДСМ од парламентарното мнозинство, да гласаат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ доколку самите не ги поддржат. Никаде во демократскиот свет нема пример некој да предлага министри или заменици и да не ги поддржи во текот на гласањето? Не се работи за политички игри. Техничката влада е законска обврска. Таа мора официјално да го предложи новиот технички премиер. Кога ќе бидат во ВМРО-ДПМНЕ спремни да ги поддржат, пред се, нивните предлози, тогаш може да бидат предложени и поддржани од пратениците на СДСМ.
Според изворите, ваквата одлука на СДСМ има поддршка од другите партии на власт, а доаѓа откако лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно изјавил дека неговата партија ќе учествува во техничката Влада, ќе предлага кандидати, но нема ги поддржат во Собранието, а воздржано ќе гласаат за избор на техничката Влада.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.