Мозокот на детето е осетлив на промените во тоналитетот на гласот и реагира на нив, дури и во нивниот сон, според една студија спроведена на Универзитетот во Орегон за бебиња на возраст од шест до 12 месеци.
Една студија спроведена на 20 бебиња покажала дека нивната околина, особено родителската, станува причина за стрес во најраното доба, пренесува “Фокс њуз”.
Постојаната изложеност на кавги, според студијата, може да создаде бавен менталниот развој на детето, дури и ако тој или таа спие во текот на кавгата.
Научниците користеле магнетна резонанца за снимање на мозокот на бебиња кои спиеле. Додека во сон слушале разговори со нормален или весел тон, протокот на крвта во нивниот мозок, како и индикаторите на мозочната активност биле нормални. Кај лути, гласни и вознемирувачки звуци забележана е атипична активност на мозокот.Мозокот на детето е осетлив на промените во тоналитетот на гласот и реагира на нив, дури и во нивниот сон, според една