ДУРИ НИ ГЕОРГИНА НЕМА ВАКВО НЕШТО: Драгана Мирковиќ доби подарок од „Луj Витон“ со нејзини иницијали, ќе ви се заврти во глава од цената

Драгана Мировиќ народот ја смета за многу скромна жена, која се грижи само за семејството, домот и кариерата. Никогаш не им придавала значење на луксузните предмети, иако очигледно ги има во изобилство.
Таа сигурно не е од оние кои се фалат со скапоцени работи, но сега направи исклучок, па го покажа брендираниот подарок што го доби.
Имено, пејачката на социјалните мрежи објави дека нејзината колекција куфери е побогата за уште еден.


Станува збор за куфер на реномираниот француски бренд „Луj Витон“, чија цена се движи до вртоглави 5.000 евра. Во атрактивен монограмски принт и со нејзините иницијали, куферот ја воодушеви Драгана, која го објави на „Инстаграм стори“, поради што многумина и завидуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.