„ЕВРОПА ИМА ТРИ ДО ПЕТ ГОДИНИ ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВОЈНА СО РУСИЈА“: Драматично предупредување од премиерот на балтичката членка на НАТО

Каја Калас, премиерка на Естонија, смета дека Европа има три до пет години да се подготви за можна воена закана од Русија на источното крило на Северноатлантската алијанса.

Во интервју за британски Тајмс, Калас се осврна на проценката на естонското разузнавање, според која, во случај на хипотетичко примирје со Украина, на Русија и требаат три до пет години за да ја обнови воената закана на границата на источниот дел на НАТО земји членки.

Блинкен се сретна со кинескиот МНР на маргините на Генералното собрание на ОН
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска се сретнаа на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, каде украинскиот лидер …
Холандската полиција жртва на масовен хакерски напад: Украдени се имињата на сите полицајци
Имињата на сите холандски полицајци се украдени во сајбер напад, изјави денеска министерот за правда на земјата. Дејвид ван Вел, министерот за правда и безбедност во Холандија, попладнево …

„Нашето разузнавање проценува дека тоа е три до пет години и тоа во голема мера зависи од тоа како ќе управуваме со нашето единство и ќе го задржиме нашиот став кон Украина. Затоа што она што го сака Русија е пауза, а оваа пауза е да ги собере своите ресурси и сила Слабоста ги провоцира агресорите па слабоста ја провоцира Русија“, рече таа.

Затоа, според естонскиот премиер, Западот треба да ја зголеми воената поддршка на Украина за да може да нанесе тежок удар и да ја лиши Русија од можноста со години да им се заканува на соседите.

Таа смета дека долгорочно НАТО мора да усвои стратегија за „одвраќање“ на Русија, по примерот на Студената војна, која предвидува зголемување на трошоците за одбрана на секоја земја-членка на најмалку 2,5 отсто од нивниот БДП.

„Русија никогаш не ја изгуби својата последна колонијална војна. Читав многу и се обидов да разберам како можеме да го прекинеме овој историски циклус. А клучен елемент за тоа е одговорноста. Тие никогаш не одговараа за злосторствата што ги направија“, нагласи Калас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.