Заборавете на обичните, подгответе „беби палачинки“: Смесата е иста како за стандардните, разликата е во едно нешто

ТикТок и Инстаграм се преполни со видеа и фотографии од т.н. „pancake cereal“ кои се еден од водечките трендови кога станува збор за храна.
Колку се популарни овие мини палачинки најдобро зборува податокот дека хаштагот #pancakecereals е прегледан повеќе од 120.000 пати!
Овие „беби палачинки“ се подготвуваат многу едноставно – разликата е само во начинот на пржење.
Подгответе ја смесата за обични или американски палачинки како што вообичаено ја правите.

Премачкајте ја тавата со масло за јадење или путер и наместо да ја разлеете смесата по целата тава, со лажица вадете од смесата и формирајте повеќе мини палачинки.
Тоа можете да го направите и со помош на ќеса за замрзнување која ќе ја наполните со смесата, а потоа ќе ѝ го отсечете врвот, а може да ви помогне и пластично шише.

@emmaslieblingsstueckeEasy peasy Pancake Cereals #pancakecereals #minipancakes #baking

♬ Don’t Start Now – Dua Lipa

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.