Забрането капење на оваа плажа- се виори црвено знаме во екот на туристичката сезона

На плажа кај хотелот „Риксос Либертас“ во Дубровник, подигнато е црвено знаме кое предупредува на забрана за капење во морето.


Граѓаните се жалеле дека морето е многу нечисто и мириса непријатно, па се претпоставува дека забраната е воведена поради загадување и опасност од капење, пренесе порталот „Дубровник.нет“.
Како што се наведува, ова не е првпат на оваа плажа да биде подигнато црвено знаме. Тоа се случувало и порано, и тоа, во екот на туристичката сезона.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.