Зеленски: Во руските напади оштетен 321 објект од пристанишната инфраструктура

Руски беспилотни летала и проектили оштетија 321 објект на пристанишната инфраструктура во Украина од јули минатата година, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Во руските напади се оштетени и 20 трговски бродови на други земји“, додаде Зеленски.

Според него, со украинскиот извоз на храна се снабдуваат 400 милиони луѓе во 100 земји во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: