Израелската војска го пренасочува фокусот кон јужен Либан

– Израелската војска денес предложила да ја заврши својата воена офанзива во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, и да ги пренасочи своите напори кон нова офанзива во јужен Либан.Израелскиот Канал 12 објави дека израелската војска препорачала да ја прекине својата воена офанзива во Рафа и да се сврти кон „операција на северот“, односно во Либан.Тензиите нагло пораснаа откако Израел го уби Талеб Сами Абдулах, командантот на либанската група Хезболах, во воздушен напад на јужен Либан.Хезболах како одговор на ова убиство во средата лансирал 215, а во четвртокот 150 ракети кон северниот дел на Израел.Тензиите покрај границата на Либан со Израел, со прекугранични напади меѓу Хезболах и израелските сили, избувнаа во екот на израелските брутални бомбардирања на Појасот Газа. Во израелската смртоносна офанзива на Газа од 7 октомври досега се убиени повеќе од 37.200 Палестинци.Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

Пронајдете не на следниве мрежи: