Израел потпиша дека американско оружје ќе користи во согласност со законот


Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вети дека ќе користи американско оружје само во согласност со меѓународното право, во писмо до американската влада, рече денеска неговата портпаролка, јави ДПА.

Сепак, таа додаде дека тоа е услов што се однесува на неколку сојузници на САД, а не само на Израел.

Нејзините коментари дојдоа откако „Џерусалим пост“ објави за писмото, цитирајќи израелски и американски претставници.

Весникот, исто така, објави дека Галант се согласил да дозволи увоз на хуманитарна помош со американска поддршка во Појасот Газа „без прекин“.

Писмото доаѓа откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го одобри новиот меморандум за национална безбедност во февруари. Тоа не се однесува конкретно на Израел, иако дојде по притисокот од демократските сенатори загрижени за употребата на американско оружје во војната во Газа.

САД побараа од Израел да го испрати писмото до средината на март.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен сега треба да го информира Конгресот до 25 март дали обврските дадени од Израел се сигурни. Во спротивно, натамошното американско снабдување со оружје за Израел може да биде одложено, пишува весникот.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: