Им ја донесе победата на Украина на Евровизија во 2016 со моќна балада упатена кон Русија – вчера со потресни зборови се огласи од Киев

Откако почна руската инвазија врз Украина, многу од тамошните славни личности се обратија со порака кон светот и побараа помош и поддршка. Една од нив е и познатата пејачка Џамала, која во 2016 година ја однесе победата на тогашната Евровизија, исполнувајќи ја моќната балада „1944“.

Таа сподели емотивна порака на својот инстаграм-профил, каде е со своите две деца. Во видеото не крие колку е вознемирена, а својата европска популарност ја искористи да повика на мир.
„Украина не сака војна, сакаме мир. Останете силни и немојте да паничите. Ние сме дома. Ве молам, поддржете ја Украина, немојте да молчите“ – трогателно напиша пејачката, која во моментов со семејството е во Киев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.