Како да заштедите пари до следната Нова година?

Доаѓањето на новата година значи и носење на новогодишни одлуки. Ако вашата одлука за 2022 година е да почнете да штедите, направете го тоа правилно и одржливо.
Можеби штедењето во денешно време ви се чини како невозможна мисија, но со неколку трикови и совети, ќе ја остварите целта без големи одрекувања.
Најдете поволна каматна стапка на штедење
Готовинското штедење честопати е невозможно, а уште потешко е да најдете банка која со поволна стапка би ви овозможила значаен годишен приход.
Истражувањата покажуваат дека луѓето се сѐ помалку подготвени да ѝ ги доверат парите на некоја банка, но тоа не треба да ви биде пречка. Истражувајте и најдете ја банката што ќе одговори на вашите финансиски потреби и ќе ви понуди поволна каматна стапка на штедење.
Контролирајте го трошењето
Искористете ги бројните апликации што се поврзани со вашата банкарска сметка и ви даваат подобар увид во приходите и расходите. Некои од нив ви помагаат однапред да го одредите трошењето, а остатокот да го префрлите на штедната сметка. Можете и да запишувате колку трошите на неделно и месечно ниво за сметки, храна, облека, забава и слично и на тој начин да имате реален увид, а со тоа и контрола на трошењето.
Скриени трошоци
Во контекст на контролата на трошење, размислете каде ви „бегаат“ парите. Откажете ги сите навидум ситни претплати за работи и услуги што ретко ги користите или ги имате двојно, а одвај користите една: списанија, дополнителни ТВ-канали, стриминг платформи, членарина во теретана…
Најстариот метод – тегла
Понекогаш класичните решенија се најдобри. Можеби нема да заштедите богатство, но ќе тргнете на страна многу повеќе пари отколку што си мислите. Во една поголема тегла оставајте го кусурот до 50 денари и проверувајте ја состојбата на неколку месеци. Собраните ситни пари сменете ги во девизи и на крајот на годината ќе можете да се почестите со некој поголем подарок.
Поставете си конкретни цели
Многу е полесно да сакате да штедите и да се држите до одлуката ако имате крајна цел за тоа. Поставете си долгорочна конкретна цел: до крајот на следната година да соберете пари за одмор, патување, подарок за партнерот/децата, нов апарат за домаќинството, велосипед…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.