Како одговор на Ѓоковиќ „Голема Албанија“ на профилот од Асоцијацијата на тениски професионалци

„Фејсбук“ профилот на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) беше хакиран, а на него осоамна фотографија од знамето на т.н. „Голема Албанија“. Станува збор за фотографија која е направена од натпревар меѓу Србија и Албанија одигран пред скоро една деценија во Белград, каде симболот беше спушен со дрон на стадионот, а беше пропратена со честитка.

Приведено лице барано со потерница
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп, баран со потерница. „На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници …
Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
Пивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен производител на пиво на Вајхенстефан, најстарата пиварница во светот, има тајна: тој навистина сака пиво без алкохол, …

„Среќен Ден на независноста на Албанија. На овој голем ден нашите срца се полни со гордост додека го славиме духот на слободата и единството. Нека гордо се вее знамето на Голема Албанија, симбол на нашата богата историја и нека ја покаже силата на нашата нација“, пишува на страницата за турнеја на АТП со знамиња на Албанија и на Косово.

Оваа порака повеќе часа стоеше на профилот на АТП организацијата. Нема информација како и кој влегол на профилот. Се коментира дека ова е одговор на албанските хакери на однесувањето на српските тенисери предводени од Новак Ѓоковиќ на завршницата од Дејвис Купот. Тогаш, Србите на терен излегуваа со песната „Весели се српски роде“, која е протолкувана како контроверзна поради стиховите „Нека се вее српското знаме од Призрен до Румија“, места кои се наоѓаат во Косово односно Црна Гора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.