– Кина денеска ги предупреди Филипините да не си „играат со оган“ во врска со прашањето за Тајван и да престанат да испраќаат погрешни сигнали до сепаратистичките сили на островот.
- Град Скопје субвенционира замена на азбестни покриви, повикот е објавенГрад Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна… Read more: Град Скопје субвенционира замена на азбестни покриви, повикот е објавен
- Сијарто: Будимпешта сака да ги зајакне економските врски со Москва и покрај санкциите на ЕУУнгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека… Read more: Сијарто: Будимпешта сака да ги зајакне економските врски со Москва и покрај санкциите на ЕУ
- Вучиќ на крајот од посетата на Њујорк: Светот не оди во добар правецПретседателот Александар Вучиќ на крајот од посетата на Њујорк вели… Read more: Вучиќ на крајот од посетата на Њујорк: Светот не оди во добар правец
- Бугарите му рекоа НЕ на Орбан: Не им требале посреднициЕвропскиот договор со Република Македонија е јасен. На Бугарија не… Read more: Бугарите му рекоа НЕ на Орбан: Не им требале посредници
- Почина професорот Нестор Огинар, истакнат македонски активист во американската дијаспораНа 77-годишна возраст во САД почина Нестор Огинар, професор по… Read more: Почина професорот Нестор Огинар, истакнат македонски активист во американската дијаспора
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на редовен брифинг со новинарите рече дека честитките на филипинскиот претседател Фердинанд Маркос до новоизбраниот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те сериозно го прекршиле принципот на „една Кина“ и декларацијата за воспоставување дипломатски односи меѓу Пекинг и Манила, јави кинеска новинска агенција.
Мао истакна дека оваа честитка претставува и грубо мешање во внатрешните работи на Кина.
„Кина силно се спротивставува на ова и вложи силен протест до Филипините“, рече Мао, истакнувајќи дека помошник – министерот за надворешни работи Нонг Ронг изутрината упатил демарш до филипинскиот амбасадор во Кина и ја повикал филипинската страна да даде објаснување за честитката на Маркос.
„Изборните резултати во Тајван нема да ја променат основната шема и насока на развој на односите и нема да го запрат општиот тренд на конечно и неизбежно обединување на Кина“, посочи Мао.
Таа му предложи на филипинскиот претседател да чита повеќе книги за, како што рече, правилно да ги разбере деталите за проблемот со Тајван и од тоа да ги извлече вистинските заклучоци.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.