„Доколку претставници на кинеската компанија „Синохидро“ побараат средба, ние секако ќе ја оствариме. На техничко ниво се одржуваат и се спроведуваат состаноци. Важно е дека компанијата има уште рок за реализација и до 31 декември имаат рок и фронт за работа, да продолжат“, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
- Хрватска го одложи задолжителното одење во војска
- Хакери ја нападнале француската информативна агенција „Франс прес“
- (Видео) Xаоc во Германија: Bооpyжен Cиpиец влетал со комбе во продавници во Есен, 31 лице е повpедено
- Гутереш повикува на прекин на циклусот на насилство по ескалацијата во Бејрут
- Бугарија организира враќање на нивните државјани од Либан
- Беше секс симбол, а денес полни 90 години! За бурниот живот на Брижит Бардо сè уште се зборува – изјавата за нејзиниот син распарчува
- Во Прилеп приведено лице барано со потерница
- Поранешната српска снаа шокираше со својот изглед! Адријана Лима помина низ временска машина, овие слики кажуваат се
- СДСМ: По дебаклот со pаздвојyвањето на Албанија и Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги пpави граѓаните бyдали
Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Неготинo, Бочварски рече дека во изминатиот период „Синохидро“ е во координирана комуникација со Министерството, Јавното претпријатие за државни патишта и со сите кооперанти во однос на решавање и расчистување на сите прашања што се појавија. за време на изградбата.
Според Бочварски, без да се врши политички притисок, туку со експертска анализа ќе се донесе најдобрата политичка одлука за доизградба на автопатот.
Експертската поддршка за автопатот Кичево-Охрид, како што појасни, ќе биде во насока во која државата треба да продолжи за завршување на овој проект.
Експертите што ќе ги ангажира Јавното претпријатие за државни патишта ќе бидат во насока на најдобро можно решение за свлечиштата и свлечиштата кои се реален и голем проблем во голем дел од автопатот Кичево-Охрид.
„Тоа значи дека по утврдувањето на сите овие насоки, кои ќе ги состават експерти, без да се врши политички притисок, туку со експертска анализа, ќе дојдеме до најдобрата политичка одлука, која ќе ја донесеме како за заклучокот на автопатот, така и за тој автопат да биде безбеден, сигурен за патување на граѓаните“, вели Бочварски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.