Ковачевски поднесе оставка!

Во 11 часот Димитар Ковачевски ја поднесе оставката до собранието. Откако ќе биде констатирана на утрешната седница, тој и и целиот негов кабинет ќе бидат во оставка. Функцијата ќе ја врши до недела, најдоцна до поллноќ кога треба да се изгласа новата техничка влада.

„Талат Џафери е искусен во водењето на парламентот, јас дојдов со друго искуство, во водење корпорации и имаме различен стил како политичари, но државата сигурно ќе го задржи истиот правец, прозападната ориентација и стратешките цели, техничката влада добро ќе се грижи за граѓаните. Ова е нешто што е предвидено со Закон, а на 9 мај новата влада ќе ја водам јас и коалицијата која ќе ја однесе Македонија во ЕУ до 2030 година“ – рече Ковачевски пред да му ја однесе оставката на спикерот Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.