Кои земји имаат најмоќни пасоши во светот?

Најмоќните десет пасоши останаа непроменети и во почетокот на втората половина од 2021 година. На врвот на листата е Јапонија, Јапонците може без виза да патуваат во 193 земји низ светот.
Но, така е само на хартија. Во реалноста, поради корона-мерките, Јапонците моментално имаат пристап најмалку до 80 проценти од дестинациите во светот.
На второто место е Сингапур, со можност за влез во 192 земји. Потоа следат Јужна Кореја која го дели третото место со Германија, со можност за влез во 191 земја во светот.
На четврто место се Финска, Италија, Луксембург, Шпанија, на петтото место се Австрија и Данска, додека Франција, Ирска, Холандија, Португалија и Шведска се на шестото место.
САД и Велика Британија се на седмото место, заедно со Швајцарија, Белгија и Нов Зеланд. Моќта на пасошите на САД и на Велика Британија постепено опаѓа од 2014 година. Во теорија, Американците и Британците може да отидат во 187 дестинации, но во реалноста пристап имаат на околу 60, односно 61 дестинација.
На осмото место се Чешка, Грција, Малта и Норвешка, на деветтото место се Австралија и Канада, додека Унгарија е на десеттото место.
На кое место е Македонија?
Нашата земја се наоѓа на 46 место, со македонскиот пасош може да се патува во 126 земји. Што се однесува до другите земји од регионот, Словенија е на 12 место и со словенечки пасош без виза може да се патува во 192 земји. Србија е на 38 место и нејзините граѓани може да влезат без виза во 139 земји. Пасошот на Црна Гора е на 47 место и овозможува влез во 124 земји. Босна и Херцеговина е на 53 место.
Што се однесува до земјите со најслаб пасош, најлошите позиции ги заземаат Северна Кореја, Непал, Сомалија, Јемен, Пакистан, Сирија, Ирак и Авганистан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.