Колку жени има во украинската армија?

Над 40.000 Украинки се војници, 5.000 од нив сега се на линијата на фронтот, тврдат украинските властиПовеќе од 67.000 жени служат во редовите на вооружените сили на Украина, а 19.000 од нив се државни службеници, откри заменик-министерката за одбрана на Украина Наталија Калмикова.Сите други жени во украинската армија се, како што рече, војници. Ако сакаме да веруваме во она што го рече пратеникот на Радата на Украина, Сергеј Евтушок на 5 јуни, 5.000 Украинки и денес се на линијата на фронтот . Досега во Украина нема присилна мобилизација на жени, а старосната граница за отслужување воен рок за двата пола е зголемена на 60 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: