Комарците бираат кого ќе гризнат и уште 17 факти за овие инсекти

Што ги привлекува комарците и зошто некои луѓе ги напаѓаат почесто од другите? Колку се брзи комарците и колку долго живеат? Еве 18 интересни факти за најнеомилениот инсект на човекот.
Комарците се познати уште од ерата на триасот – пред 400 милиони години.
Досега се регистрирани вкупно 3.549 видови комарци.
Просечниот комарец тежи околу 2,5 милиграми.
Просечен женски комарец за време на хранењето зема околу 5-милионити дел од литар крв.
Комарците не го наоѓаат домаќинот случајно (тие го набудуваат низ лет) туку со инфрацрвените зраци од топлите тела; и преку хемиски сигнали (комарците ги привлекува јаглерод диоксид и млечна киселина, меѓу другите хемикалии) на растојание од 25 до 35 метри.
Комарците се меѓу најбавните инсекти и летаат со брзина од 1-2,4 км/ч.
Поголемите луѓе честопати се попривлечни за комарците, бидејќи тие се поголеми цели и произведуваат повеќе привлекувачи (јаглерод диоксид и млечна киселина).
Темната облека е попривлечна за некои видови комарци отколку облеката во посветли бои.
Некои истражувања покажуваат дека движењето на човекот го зголемува процентот на каснување од комарец до 50%.
Едно истражување покажа дека полната месечина ја зголемува активноста на комареците до дури 500%.
Како дел од истражувањата на Арктикот, научниците ги разголеле нивните гради, раце и нозе и регистрирале дури 9.000 каснувања од комарци по лице за една минута. Со ова темпо незаштитен човек би изгубил половина од крвта во рок од еден час.
Женките комарци земаат крв само за да положат јајца, додека мажјаците се хранат со нектар.
Фреквенцијата на движење на крилјата на комарецот е 300-600 пати во секунда.
Комарците предизвикуваат повеќе смртни случаи од кое било друго животно на Земјата. Тие се носители на разни болести, вклучувајќи маларија, денга треска и жолта треска, кои се пренесуваат на луѓето и животните кога комарците се хранат со нив.
Кога женката зема крв, нејзиниот стомак се шири и може да прими до три пати повеќе крв од нејзината тежина.
Комарците претпочитаат О крвна група, луѓе со повисока телесна температура, бремени жени и луѓе кои имаат потешкотии со дишењето и сето тоа затоа што овие луѓе произведуваат поголеми количини на јаглерод диоксид, што ги привлекува.
Животниот век на женката комарец е од две недели до неколку месеци, додека мажјаците живеат само недела дена.
Мажјаците комарци ги наоѓаат женките според звукот произведен од нивните крилја за време на летот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.