Кој е најромантичниот град во Европа?

Кога станува збор за најромантичните дестинации во Европа, најчесто ни паѓаат на ум неколку европски метрополи како на пример Рим, Лондон, и, се разбира, неприкосновениот град на љубовта и светлината, Париз.

Сепак, едно истражување ги рангирало најромантичните метрополи во Европа врз основа на специфична анализа на податоци и било спроведено од страна на компанијата Catamaran Charter Croatia која изнајмува катамарани на јадранскиот брег.
Градовите на листата се рангирани според бројот на ресторани и хотели опишани како романтични. Според студијата, хотелот или ресторанот е „романтичен“ доколку така е опишан на веб-страницата TripAdvisor, каде што корисниците имаат можност да остават свои оценки и впечатоци за нивните патувања.
На врвот на листата е Лисабон, па ако барате романса, главниот град на Португалија очигледно е местото за вас. Лисабон има 588 романтични ресторани и 152 романтични хотели, што е најголем процент по жител од сите европски метрополи.

Следен на листата е Монако, делумно поради неговата мала големина во однос на бројот на „романтични“ места, додека Париз го зазема третото место.
Во продолжение погледнете како изгледа комплетната листа на 10-те најромантични метрополи во Европа:

1.Лисабон, Португалија
2.Монако, Монако
3.Париз, Франција
4.Сан Марино, Сан Марино
5.Рим, Италија
6.Андора ла Веља, Андора
7.Амстердам, Холандија
8.Атина, Грција
9.Прага, Чешка
10.Рејкјавик, Исланд

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.