Кумановец баран за апсење почина откако случајно падна и си ја удри главата пред стадионот на Башкими

Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово.

Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош. Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје, соопшти денеска МВР.

По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи: