Лагард: Реизборот на Трамп за претседател на САД би претставувал „закана“ за Европа

Реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД би претставувал „закана“ за Европа, изјави шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард.

Во нива пронајдена минофрлачка граната од Втората светска војна
На 26.09.2024 во Полициска станица Свети Николе, О.С. од Свети Николе пријавил дека околу 16.30 часот, додека со трактор ја орал нивата во …
Љутков: Отвораме ново поглавје во развојот на македонско-унгарските културни врски
Денеска во Охрид остварив билатерална средба со унгарскиот колега, министерот за култура и иновации Балаж Ханко, кој е дел од владината делегација предводена …

-Ако учиме од историјата, при што мислам на начинот на кој тој (Трамп) ги водеше првите четири години од неговиот мандат, ова е очигледно закана, изјави Лагард за телевизијата Франс 2.

– Треба само да ги погледнете трговските тарифи, неговата посветеност на НАТО, неговиот став кон борбата против климатските промени“, нагласи Лагард.

На прашањето дали претседателството на Трамп може да ја остави Европа сама во поддршката на Украина против целосната инвазија на Русија, Лагард рече дека тоа е малку веројатно „бидејќи во американскиот Конгрес има голем број избрани членови кои се длабоко непријателски настроени кон ужасната војна на Русија против Украина и кои ќе продолжат да настојуваат за финансирање и поддршка на Украина“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.