Мерилин Монро е една од најсексипилните жени во историјата на шоу-бизнисот. Покрај тоа, таа е позната и по нејзиниот бурен љубовен живот кој бил исполнет со многу подеми и падови.
Па затоа, нејзините совети се навистина досетливи и интересни и би ви биле од голема помош доколку ги применити во вашиот љубовен живот!
Морате да знаете каков статус заслужувате во љубовната врска – вие вредите колку што сте тешки!
„Јас сум себична, нетрпелива и малку несигурна. Правам грешки, губам контрола и понекогаш е тешко да ме поднесат. Но, ако не може да се носи со мене кога сум најлоша, тогаш сигурно не ме заслужува кога сум најдобра.“Па што ако сте раскинале? Утре ќе биде подобро!
„Верувам дека се се случува со причина. Луѓето се менуваат за да научиме да ги пуштиме да си одат, работите одат во погрешен правец за да ги цениме кога се е во ред, веруваме на лаги за да научиме да не веруваме никому освен на самите себе и понекогаш добрите работи се распаѓаат за да се создадат подобри работи.“
Вистинската љубов се крие во малите работи
„Вистинскиот љубовник е оној човек кој може да ве возбуди кога ќе ве бакне во чело и знае да се насмее само за ваши очи.“
Ако сакате нешто, не чекајте мажот да го оствари тоа за вас. Потрудете се сами.
„Колку е погрешно тоа што жената очекува од мажот да изгради свет каков што таа сака, наместо таа сама да го создаде?
Ако не успеете од прва…
„Љубовниците доаѓаат и си одат. Не сакам да го кажувам ова, но речиси сите ќе ти го скршат срцето. Но, не смееш да се откажеш, затоа што ако се откажеш, никогаш нема да ја пронајдеш својата сродна душа. Никогаш нема да ја најдеш половината која те прави цела. Само затоа што еднаш не успеало, не значи дека ќе пропадне се што ќе започнеш. Продолжи да се обидуваш, држи се и секогаш, секогаш, секогаш верувај во себе, затоа што ако ти не веруваш, кој ќе верува во тебе? Исправи се, крени ја главата и што е најважно, продолжи да се смееш. Животот е прекрасен и полн со работи кои се вредни за насмевка.“