Литванија испраќа оклопни возила на Украина за поддршка на чистењето мини

Литванија и испраќа на Украина 14 оклопни транспортери М113, соопштија денеска претставници на одбраната во Вилнус.Возилата треба да пристигнат во Украина оваа недела и ќе ги зајакнат капацитетите на украинската армија за чистење мини, соопшти литванското Министерство за одбрана.Литванија, членка на ЕУ и НАТО, е еден од најверните поддржувачи на Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи: