Лукашенко слави 30 години како претседател на Белорусија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му ја честиташе на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, триесетгодишнината од извршувањето на должноста, нагласувајќи го неговиот придонес во развојот на односите со Русија.

Во својата честитка, Путин наведува дека целата модерна историја на Белорусија, која е „обележана со изградба на современи државни институции и значајни успеси во социјалната и економската сфера, е нераскинливо поврзана со Лукашенко“, стои на веб-страницата на Кремљ.

„Белоруските гласачи шест пати по ред ви ја доверуваа највисоката позиција во владата, што несомнено сведочи за вашиот огромен авторитет меѓу вашите сонародници“, посочи Путин.

Пронајдете не на следниве мрежи: